Катице, пуста Катице

Малку па и жал ни паѓа што заради сопствена глупоќа и лакомост, почна како идол на рајата, па се смува со ликови како Боки (ама зошто?), па заврши во затвор за на крај да се најде на црна листа на САД. Требаше да си остане во Гевгелија, да си прави кифлици, живот да живее. Амбицијата е заебана сопатничка.

Да се потсетиме на нејзиниот прв (или еден од првите) настапи, кога боса в трње влезе во интервју, комплетно несвесна како се прави тоа, кога не знаеше ни да го изговори насловот на предметот кој го води. А предметот не беше за обивање трафика, туку за шпионажа.

Уште тогаш беше јасно за каков интелектуален габарит се работи, но тоа не пречеше да им стане хероина на добронамерните наивци, шарените абдали и платеничката фукара, па секој збор за неа што нема да значеше восхит, хистеричните го означуваа како „груевизам.“  

Но, да не си одиме пребрзо од оваа тема. Да се потсетиме на ѕвездените денови на Катица Јанева, уловени во бескомпромисните аналитички мрежи на нашите објективни бардови:

„Тоа е судбината од која Катица Јанева нема да може да се спаси: таа е осудена на слава и успех во мочуриштето на македонскиот правосуден систем. Ги гледам пропагандните и политичките џукели на режимот на Груевски, полни со омраза и со раскезени вилици, како се обидуваат да ја распарчат, жива да ја изедат; а таа, осамена против сите, со својата раскошна насмевка и со совршената гевгелиска појава, како некаква Глорија од ангелските песни за раѓањето на Исус, „плови“ над морето од запенет бес на криминалната банда што владее со Македонија."

Сашо Орданоски, вo „Некои изјави не застаруваат

 

п.с. Дечки, во 6 пред Калето?

19 март 2024 - 09:45