На тајна локација во Младинскиот културен центар се отвора изложбата “Портрет на Кралот Алкохол” на фотографката Соња Ставрова.
„Портрет на Кралот Алкохол“ е фото-документарен проект кој го прикажувасоцијалниот живот во селата од тиквешкиот регион. Оваа изложба е продолжение на проектот „Кралот Алкохол” каде во фокус беше градот Кавадарци.
Изложбата „Портрет на Кралот Алкохол“ ја истражува кооперацијата (селската продавница), преку која се прикажува социјалната функција и културниот идентитет на пиењето алкохол. Кооперацијата е клучна точка за испитување на афирмативните перцепции на животните стилови поврзани со „пиењето“ како секојдневна пракса. Портретирање на другарството, ергените и осаменоста, на место каде што се дели среќа и тага.
Изложбата ќе биде отворена до 30 октомври 2023.