- „Лукаревска преку УЈП признава дека им се случил криминал од над 22 милиони евра пред нос и дека ништо не преземале. Лукаревска јавно вели дека на адреси на фирмите нема складишта, нема магацини, нема ништо, ама затоа, им ја признава трговијата и ги става на листа на должници? По кој основ фирмите Актико, Окитна и Хантонос и Хант Осој се на листа на должници?“, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
- За што треба да се наплати данок од 11 односно 12.2 милиони евра? Дали УЈП признава фиктивна трговија на овие две фирми, на "празна ливада", а нема увид во книгите и тоа јасно го покажуваат извештаите од надворешната контрола на УЈП направена после цела година од продажбата на фирмите и година и пол по трговијата на овие фирми?
- Зошто нема предмет до ОЈО, тука има јасен организиран криминал, прашува Стоилковски.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.