Има институции каде бројот на вработени е преголем, но само 30 до 40 проценти вистински ги исполнуваат своите работни задачи. Тоа пред се должи на досегашното партиско вработување во изминатите 30 години, вели министерот за јавна администрација Горан Минчев.
Тврди дека втор заменик директор на Царина не барала партијата ЗНАМ туку тоа било побарано од Царинската управа поради зголемен обем на работа.
Балансерот останува на сила, но ќе бил предмет за расправа за евентуално укинување на таа алатка.
На денoт кога Македонија одбележува 33 години од самостојноста, се навршуваат три години од една од најголемите трагедии што во овој период и се случија на земјата. На 8 септември 2021 година изгоре модуларната болница во Тетово, која беше отворена за згрижување и лекување пациенти болни од ковид.
Четиринаесет лица ги загубија животите во трагедијата, а уште десетина беа повредени. Од загинатите, 12 беа на болничко лекување, додека за двајца беше утврдено дека се членови на семејствата на дел од згрижените пациенти.
Беше спроведена истрага, а имаше и судски процес. Сепак, јасна одговорност за трагедијата и по три години, граѓаните на земјата сè уште чекаат.
Филипче во интервју за „Фокус“ за пожарот во модуларната болница: Мојата совест е чиста, трагедии во пандемијата се случуваа насекаде.