- Амбасадата на САД во Киев е затворена поради очекуван воздушен напад. Затворени е и шпанската, италијанската и грчката амбасада во главниот град на Украина а нивниот персонал е евакуиран.
- Украинската воена разузнавачка служба предупреди дека Русија шири лажни информации за масовен напад на украинските градови но им порача на луѓето сериозно да ги сфаќаат тревогите за узбуна.
- Само нешто порано, шефот на градската воена управа издаде предупредување дека на Киев му се заканува ракетна опасност и сите да одат во засолништа.
- Во меѓувреме, Пентагон праќа нов пакет помош за Украина верден 275 милиони долари а Бајден дозволи противпешачки мини за Украина.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.