- „Не можете да разберете колку разговори имало во кои се бараше Србија да се откаже од гостопримството на рускиот министер за надворешни работи. Хистеријата која се виде покажа што всушност некои сакаат, бидејќи не можат ништо да ѝ направат на Русија, тие се изживуваат врз Србија“.
- Во Србија, рече тој, во последните 24 часа пристигнале повеќе западни медиуми отколку кога било и тие, според него, само чекале да направат фотографија од нив двајцата за да ја нападнат неговата држава.
- Тоа што Србија, вели Вучиќ, не сака да биде дел од глутницата е нешто што предизвикува главоболка.
- Бугарија е на пат да забележи историски најниска излезност на првиот круг од претседателските избори. Според последниот официјален пресек на Централната изборна комисија, до 16 часот гласале само 16,04 отсто од избирачите.
- Според две од трите мерења, до два часа пред затворањето на избирачките места гласал само секој петти избирач.
- На претседателските избори во 2021 година во истиот период излезноста била 24,12 отсто, односно за повеќе од 8 процентни поени повисока.
- Во 1992 година, на првите демократски претседателски избори, излегле 75,39 отсто од избирачите, во 1996 година 63,14 отсто, а во 2001 година 41,63 отсто. Досега ниту еден прв круг не паднал под 40 отсто.
- Излезноста на парламентарните избори во Србија во часовите по отворањето на избирачките места е двојно поголема од онаа на претходните избори во 2003 година. За гласање се прават километарски колони.
- За 250 пратенички места во Народното собрание се натпреваруваат 18 изборни листи, од кои девет се малцински. Право на глас имаат нешто повеќе од 6,45 милиони избирачи.
- Главната битка е меѓу владеачката Српска народна странка чија листа ја предводи Александар Вучиќ и Студентската листа, изнедрена по долготрајните блокади и протести иницирани од падот на настрешницата во Нови Сад,
- За постизборната ситуација и комбинации не помалку важно е дали и кои други партии ќе го преминат цензусот. Таа дилема важи главно за Социјалистите на Ивица Дачиќ, Автентичната десница на Милош Јовановиќ и Европската листа (Здравко Понош, Мариника Тепиќ, Ѓилас...).
- Резултатите се неизвесни но уште поголема неизвесност и несигорност создава прашањето дали тие ќе бидат признати од страната која ќе изгуби, во атмосфера во која српското политичко тело е полазирано како никогаш досега.
- Од заедницата на Македонци во Србија потсетуваат: „Шарената револуција не ѝ донесе ништо добро на Македонија, не сакаме и Србија да помине низ слично искуство“.