Жителите на Сеута се „тажни, беспомошни и вознемирени“ бидејќи една недела по инвазијата на 80.000 мигранти во градот останале меѓу 3.000 и 5.000, изјави Хуан Хесус Вивас, претседател на шпанската енклава.
„Тоа во никој случај не ни дозволува да кажеме дека нашиот град се вратил во нормала“, изјави Вивас пред европските пратеници. Ситуацијата ја опиша како окупација.
„Приливот предизвика хуманитарна вонредна состојба од огромни размери, придружена со нарушувања на јавниот ред и висок ризик по јавната безбедност“, изјави Вивас во Брисел.
Тој ги повика централните шпански власти да ги преземат сите неопходни мерки за враќање на нормалната состојба, вклучувајќи и итно протерување на сите кои нерегуларно ја преминале границата.
Вивас изрази жалење за стотината луѓе што загинаа во хаосот.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.