- Некогашниот сојузник на Реџеп Таип Ердоган, а подоцна обвинет за планирање на неуспешниот обид за пуч во 2016, почина во САД на 83-годишна возраст.
- Веста ја потврдија неколку извори поврзани со Ѓулен, кои денес објавија дека тој починал во неделата вечер.
- Ѓулен живее во егзил во САД од 1999, а во 2017 му беше одземено и турското државјанство.
- По неуспешниот обид за пуч во 2016, Турција започна отворена војна против мрежата на Ѓулен, која ја прогласи за терористичка организација.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.