- Проценките во последниот Национален план за управување со отпад се дека во земјава има над 2.000 нелегални депонии, а педесет и четири нестандардни депонии распространети низ целата држава ги трујат македонските граѓани.
- И покрај овие бројки и натаму не почнува изградбата на петте планирани регионални современи центри и покрај тоа што е одобрен грант од Европската унија и заем од Европската банка за обнова и развој.
- Главниот предизвик за изградбата на регионални депонии во Македонија е отпорот од локалните власти и недовербата на жителите во општините каде што се планирани депониите. Локалното население се плаши дека нивните заедници ќе се претворат во центри за депонирање на големи количини отпад, без доволно еколошки гаранции.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.