- Откако вчера беше објавено дека на социјалните мрежи Таравари има речиси десет пати поголема поддршка од членовите и симпатизерите на Таравари, денеска Села доби неочекувана помош од далечниот Виетнам.
- Најмалку 800 профили на Фејсбук од Виетнам реагираа на постот на Села кој вчера доби нешто повеќе од 400 реакции.
- Освен ако не се работи за тајна армија на Села од Виетнам тогаш некој негов близок соработник купил вештачка поддршка од виетнамските фарми за контент за да не се види дека Таравари има и до многу поголема поддршка на социјалните мрежи.
- Со оваа операција Села и нeговата фракција си пукаа во нога, коментира Експрес.
- Британската владејачка Лабуристичка партија го обвини Илон Маск дека со порака на X ги поттикнал големите нереди во Северна Ирска како реакција на ѕверскиот напад на азилант со нож врз маж во Белфаст.
- „Само со ПОВТОРНО и ГЛАСНО протестирање ќе има некаква промена!!“, порача Маск пред протестите и сподели десетина локации на кои ќе се собираат луѓе.
- „Ужасно е. Секој што се обидува да поттикне и искористи ваква ситуација за да ја спроведе својата политичка агенда, греши и прави штета. Деца и семејства мораа да ги напуштат своите домови. Не сакаме да видиме вакви нарушувања, штета, бандитство, насилство на нашите улици, и секој што се обидува да го предизвика тоа треба да биде осуден“, изјави Ана Тарли, претседавач на Лабуристичката партија.
- Напаѓачот е идентификуван како Хади Алодид, азилант на Судан, кој морал да ја напушти Британија во септември 2023 година.
- Лекари сè уште се борат да му го спасат животот на Стивен О’Гилви, жртвата на нападот. Тој го изгубил левото око, а има и сериозни повреди на десното и на вратот.
- Неименувана земја од ЕУ го спречила објавувањето на бугарската комеморативна монета од 2 евра во чест на кирилицата и поднела приговор поради натписот „бугарската азбука“.
- Не е спомнато која земја ја дигнала рампата, но се шпекулира дека е Словачка, Хрватска или Словенија, па дури и Австрија.
- Во описот на монетата се наведува дека дизајнот е композиција од кирилични букви „со идеја да се нагласи придонесот на Бугарија кон третата официјална азбука на Европската Унија“. Автори на проектот се Светлин Балездров и Стојан Дерчев.
- Монетата требаше да биде пуштена во оптек во втората половина од 2026 година во 1 милион примероци.