- Венецуела ги суспендираше новите испораки на сурова нафта за ЕУ, а за да продолжи со испораките побара да ѝ бидати испорачани готово гориво и нафтени производи.
- Испораките на венецуелска нафта, особено до рафинериите во Шпанија ѝ помогнаа на Европа да го намали купувањето на руска нафта по нападот врз Украина.
- Венецуелскиот гигант ПДВСА сака да добие гориво во замена за својата нафта, а тој дел од вредноста на товарот да се искористи за надоместување на долговите од милијарди долари на партнерите во заедничкото вложување кое ги вклучува „Шеврон“, „Ени“ и „Репсол.
- САД вклучија нисколетечки авиони и јуришни хеликоптери во офанзива за деблокирање на бродскиот сообраќај низ Ормускиот проток.
- Генералот Ден Кејн, шеф на Генералштабот на здружените оружени сили, изјави дека авиони А-10 Вортхог и хеликоптери Апачи, вооружени со топови, митралези и ракети напаѓаат бродови, чамци и утврдени ракетни батерии на Револуционерната гарда, која контролира кој може да премине преку протокот.
- И покрај нападите, се верува дека Иран сè уште има огромни залихи од мини, ракети и чамци скриени во регионот.
- „Ќе бидат потребни недели за да се достигне точката за безбедни операции во протокот. Дури и тогаш голем дел од иранските средства ќе преживеат“, изјави Фарзин Надими од Вашингтонскиот институт за блискоисточна политика.
- Кон Персискиот залив плови и американскиот брод „Триполи“ со сили за ограничени интервенции на копно. Бродот носи над 1.600 маринци опремени со авиони и десантни хеликоптери.
- Доналд Трамп пред јапонската премиерка го спореди американскиот ненадеен напад врз Иран со јапонскиот напад врз базата Перл Харбор во 1941 година, по кој САД влегоа во Втората светска војна.
- „Кој подобро од Јапонија знае за изненадување? Зошто не ми кажавте за Перл Харбор?“, одговори Трамп на прашањето зошто Токио не бил информиран за плановите на САД за напад врз Иран.
- Премиерката Санае Такаичи не ја коментираше на бизарната изјава на Трамп и се воздржа да го потсети како заврши војната – со двете атомски бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки.
- Во ненадејниот јапонски напад врз американската поморска база на Хаваи во 1941 година загинаа 2.400 Американци. Атомските бомби што САД во 1945 година ги фрлија врз Хирошима и Нагасаки убија повеќе од 200.000 луѓе.