- Со одлука поддржана од сите советници на општина Центар решено е да се изврши вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво на ДУП-от за локацијата Ј 07 кој овозможи градење на падините на Водно.
- ИРЛ пишува дека дополнително Уставниот суд ќе треба повторно да одлучува по иницијативата на Општина Центар со која се бара укинување на ДУП-овите донесени во 2014 кои ја кренаа нагоре границата за градење и овозможија градење на дотогаш недопрена шума.
- Жалбата на жителите на улица „Питу Гули“ околу дозволата за градба на Водно е одбиена од второстепената комисијата на Министерство за транспорт.
- Во жалбата стоеше дека нема пристап до плацот, кој е на 3 метри над улицата, меѓутоа тоа не ја интересирало второстепената комисија на Министерството бидејќи тие не излегувале на терен и се воделе од тоа што го има на хартија, каде пишува дека има пристапни улици кои во реалност не постојат.
- Министерот одговорен за ова министерство, Бочварски, кој пак бил на лице место за време на изборната кампања, таму бил да се види со граѓаните, а не да гледа улици.
- Собранието ги усвои измените на Законот за административни службеници со кои административците што две години по ред ќе добијат оценка „1 - не задоволува“ ќе го загубат работното место.
- Освен построги правила за оценување, законските измени носат и промени во напредувањето, дисциплинската одговорност и организацијата на административната служба. Власта тврди дека целта е поефикасна, потранспарентна и попрофесионална администрација, додека опозицијата предупредува дека дел од решенијата отвораат простор за политички притисоци врз вработените.
- Една од клучните новини е укинувањето на можноста за унапредување без претходно објавување интерен оглас.
- Опозициската СДСМ не ги поддржале измените. „Една работа да пофалевте, да речете добро е, се исправи една работа“, рекол координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски.
- Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешното рочиште рече дека не смета дека постои основ за негово изземање, откако Обвинителството откри дека е обвинет за давање лажен исказ во друг предмет.
- Рекол дека за обвинението против него 2 години немало рочиште.
- Русески остана на ставот дека од градежен аспект објектот одговорил на својата намена и дека изведените зафати претставувале „градежно-занаетчиски работи“. Овој вештак го изработи градежното вештачење за одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов и за двајца други обвинети.
- Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката Пулс, остро реагираа на изнесените тврдења во судницата од страна на вештакот на одбраната и на минатото рочиште. Александар Наунов, во изјава за медиумите на паузата од минатото рочиште, истакна дека “изведените градежни зафати не може да се третираат како обични занаетчиски работи со цел да се избегне одговорноста за градење без одобрение”, потенцирајќи дека судскиот процес “не е само за градежни конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и загубените човечки животи”.