- Во Тафталиџе веќе не остана празно место каде што може да се гради. Јакимовски во новиот мандат му „фрли око“ на Влае.
- Една од првите локации каде што се планирани станбени згради и деловен објект е токму локацијата во која ја славеше изборната победа – „Кино Влае“. На местото на дрвеното кафуле ќе се изгради скалест комплекс, односно една зграда од десет и една зграда од осум ката, кои ќе бидат споени со трговски центар.
- Земјиштето и објектот се во сопственост на старите деловни партнери на Јакимовски кои учествуваа во бетонизацијата на Тафталиџе.
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната во Средоземно Море, откако Киев потврди дека нападнал два руски брода кај либиското пристаниште Бенгази.
- Украински беспилотни летала во неделата нападнаа руски воен брод закотвен во пристаништето во Бенгази, како и трговски брод што плови под малтешко знаме, во близина на брегот. Повредени беа десет лица.
- „Го знаете мојот став за Украина, но војната не смее и не може да биде проширена во Медитеранот. Мораме да бидеме јасни со нашите украински пријатели, како што бевме јасни со нашите партнери“, изјави Мелони пред самитот на лидерите на ЕУ за буџетот на Унијата за периодот од 2028 до 2034 година.
- Мелони оцени дека ЕУ треба да продолжи да ѝ помага на Украина да се брани, но додаде дека Италија истовремено мора да ги штити своите граници и граѓани. Овој став јасно му го пренела на украинскиот претседател Володимир Зеленски.