- Турција најави дека нема да пушти два брода на британската кралска морнарица да минат низ нејзините води, преку Босфор и Дарданелскиот теснец.
- Бродовите од типот „ловци на мини“ требаше да стигнат на Црното море и да бидат засилување за украинската морнарица и нејзините воени операции.
- Официјална Анкара која се обидува да негува добри односи и со Киев и со Москва, соопшти дека внимателно ја спроведува Конвенцијата од Монтро од 1936 година, за да се спречи воена ескалација на Црното море.
- НАТО се распаѓа, коментира британски Експрес.
- Американскиот претседател Доналд Трамп би можел веќе наредните денови да нареди нуклеарен напад врз Иран, тврди конзервативниот коментатор Такер Карлсон.
- Според неговите информации, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху секојдневно врши силен притисок врз Трамп да го одобри нападот а тој би можел да донесе одлука до 7 ноември.
- Мета би била планината Пикакс во централен Иран, каде што, според израелските разузнавачки информации, иранската влада ја рестартирала својата програма за збогатување ураниум.
- Карлсон оцвенува дека Нетанјаху е во незавиодна положба по изборите и дека не може да формира влада без директно посредништво на Трамп, за поддршка од најмалку 61 член на Кнесетот.
- Во спротивно Нетанјаху би го изгубил премиерското место и би се соочил со истраги а можеби и затвор.
- „Нетанјаху мора да остане близок до Трамп. Нему му е потребна оваа војна“, напиша Такер Карлсон.
- Министерството за дигитална трансформација (МДТ) информира дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.
- Со тоа, вкупниот број налози за блокирање достигнува 462.
- АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.
- „Воедно, ги повикуваме родителите и старателите да посветат дополнително внимание на онлајн активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во интернет-просторот“, порачуваат од министерството.