Таравари почна со разрешување на економските директори на клиниките
24 јуни 2024
- За два месецa сите економски директори ќе бидат разрешени и повеќе нема да постои функцијата економски директор, односно на клиниките ќе има само еден директор.
- „Сите ќе бидат разрешени. Тие што се со мандат, ќе ми требаат измени во законот и веќе е дадена наредба што побргу да оди во Парламент измената на законот, да нема повеќе економски директори“, вели новиот министер за здравство.
- Таравари ги потврди информациите дека заменик-министерката за здравство го вратила д-р Марјан Шокаровски на директорсткото место на Клиниката за кардиохирургија.