- По иницијатива на претседателот Александар Вуќиќ а со одлука на владата на Србија, досега се објавени над 140 документи поврзани со реконструкцијата на натстрешницата во Нови Сад во чие рушење загинаа 15 лица.
- Според Вучиќ, такви документи има 195, по некои други проценки - дури 850.
- Организацијата Транспарентност Србија е незадоволна и тврди дека објавувањето е нецелосно.
- Во меѓувреме во Србија се одржа протест „Застани, Србијо!“ во кој учествуваа студенти, глумци, земјоделци....и следствено, почна пребројување дали биле волку или онолку.
- Во мало француско гратче утре се одржуваат не баш историски избори кои сепак добија глобален публицитет.
- Во трката за градоначалник на Арсис-сур-Об за реизбор за бори Хитлер а противкандидат му е Зјелински.
- Шарл Хитлер е навикнат на мајтап со неговото презиме и цртање мустаќи на постерите но малку му е незгодно кога ќе прочита дека 37% од неговото место се Хитлеровци.
- Францускиот Хитлер е центрист додека оној спроти него, 28 годишниот Антоан Рено Зјелински е од крајно-десничарскиот патриотски блок.
- Хитлер објаснува дека му е криво што вниманието е свртено само околу презимињата на кандидатите а не нивните политики.
- Самото место во кое живеат само 2.785 жители името го добило по едно место близу Одеса во Украина, каде во 1814 се одвивала една од битките на Наполеон.
- Европската унија од 1 јули годинава воведува нова фиксна давачка за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ и АлиЕкспрес.
- Давачката ќе изнесува три евра по пратка а до ноември се најавува и дополнителна такса „за обработка“.
- Лани 5,8 милијарди мали пратки со ниска вредност испратени директно до потрошувачите влегле во ЕУ. Над 90 проценти доаѓаат од Кина.