- Во Македонија, во 2021 година имало 5.985 фирми со нула вработени, или без податок на вработени. Според државниот завод за статистика, тоа се 8,2 проценти од активните деловни субјекти.
- На долгата листа на компании со нула вработени имало приходи и до над 100 милиони евра.
- 10 такви фирми имале вкупни приходи од 270 милиони евра. Поединечно остварувале мали добивки во однос на милионските приходи, со исклучок на „Каменимост комуникации“, која има речиси идентични приходи со добивката од речиси 13 милиони евра.
- Одборот за мир на Доналд Трамп добил само мал дел од 17-те милијарди долари ветени за обнова на Газа.
- Од десет земји кои ветија средства, платиле само Обединетите Арапски Емирати, Мароко и САД. Собраната сума е под 1 милијарда долари – помалку од членарината за секоја земја што ја најави Трамп.
- За реконструкција на Газа, каде што четири петтини од зградите беа уништени во двегодишните израелски бомбардирања, ќе бидат потребни околу 70 милијарди долари. според проекциите на глобалните институции.
- Поради проблемите со финансирањето, новоформираниот Национален комитет за администрација на Газа (NCAG), не може да ја преземе контролата врз регионот од Хамас. Според мировниот план, Комитетот на чело со Али Шаат Хамас треба да ги управува министерствата и полициските сили.
- Четворицата астронаути на НАСА утрово безбедно се спуштија на Земјата, по десетдневната мисија Артемис 2 околу Месечината.
- Нивната капсула „Орион“ ги издржа огромните температури од брзото навлегување во земјината атмосфера и се спушти со падобран во Пацификот, покрај брегот на Калифорнија.
- „Стабилни сме“, објави командантот на мисијата Рид Вајзман. Тој и другите астронаути – Виктор Гловер, Кристина Кох и Канаѓанецот Џереми Хансен, ќе поминат низ неколкудневни детални медицински прегледи.
- При влегувањето во атмосферата, екипажот леташе 32 пати побрзо од звукот (побрзо од кој било човек досега), а нивната капсула беше изложена на температура од 2.760 Целзиусови степени – практично беше обвиткана во оган, поради што во критични 6 минути немало никаков контакт со Контролата на мисијата. Падобраните ја намалиле брзината на слободниот пад на 25 километри на час.
- При мисијата за обиколување на Месечината, екипажот на НАСА стаса 406.778 километри од Земјата, подалеку од кој било човек досега, и направи детални снимки од нејзината „скриена“ страна.
- НАСА в година ќе ја спроведе мисијата Артемис 3, во која ќе тестира екипаж со лендери во орбита, како конечна подготовка за мисијата Артемис 4, кое опфаќа спуштање астронаути на Месечината, прв пат по 1972 година. Во трка е со Кина, која планира да испрати свои „таиконаути“ на Месечината до 2030 година.