- Ноторен факт е дека Албанците во Македонија како услов за вработување во јавната администрација мораа да прифатат членство и покорност кон некоја од албанските политички партии, попрецизно кон партијата на власт, која со вработувањето обезбедува своја партиска војска за политички притисоци и контрола, но и за криминал и корупција.
- Токму како резултат на таквата политичка практика цели региони и градови во Македонија како Гостивар, Тетово, Кичево и Струга сега се целосно испразнети, а жителите иселени. Изградени домови и објекти, вредни стотици илјади и милиони евра, пропаѓаат заклучени.
- Балансерот, или неговото нефункционално спроведување, доведе до партиско-криминализирана администрација до ниво на изолирани државни институции со 80-90 отсто вработени по партиски национален клуч.
- Дали политичките групи криминалци и блефери кај нас во државава ја надиграа евроатлантската заедница, која го вршеше надзорот над спроведувањето на Охридскиот договор, или тоа беше дел од стратегијата за целосно демонтирање на унитарна Македонија, како одмазда што целосно не им успеа да го решат тоа со конфликтот во 2001 година!?
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.