Слупчане: 80% од струјата ја крадат, останатата не ја плаќаат
7 јуни 2023
- Околу 200 жители на кумановското село Слупчане насилно ги спречија екипите на ЕВН да извршат неопходни работни активности за реконструкција и модернизирање на електричната мрежа во селото.
- Толпата го блокирала влезот на селото и не им дозволила на работниците да работат, притоа заканувајќи им се по живот.
- Вкупните годишни загуби поради кражби на струја во селото Слупчане изнесуваат повеќе од 1 милион евра, односно околу 6 GW/h. Процентуално, 80% од годишната потрошена енергија се краде.