- Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, ќе биде променет. Но, не поради скандалот со издавање државјанство на Украинецот Александар Онишченко, туку поради тоа што ќе замине како амбасадор во Франција.
- Двајца вработени во одделот за стратешка соработка на АНБ, се суспендирани поради случајот со украинскиот бизнисмен кој добил македонско државјанство иако бил на црна листа на САД.
- Совет на амбасадори е изненаден и загрижен што одреден
вид неприфатливи дејствија на непотизам, партиско влијание и небрежност доаѓаат од важни државни институции и органи на државна управа како што се М-НАВ, Совет на јавни обвинители и посебно АНБ.
- Медицинскиот факултет на Јеил нелегално дискриминира кандидати на расна основа во процесот на прием на студенти, заклучи Министерството за правда на САД по едногодишна истрага. Во извештајот ова се истакнува како „загриженост за јавната безбедност“.
- Јеил ги фаворизирал црните и латиноамериканските кандидати на сметка на белите и азиските, што е директно кршење на федералниот закон за граѓански права и на пресудата на Врховниот суд од 2023 година против афирмативни акции.
- Истражувањето покажало дека црните кандидати имале дури 29 пати поголеми шанси да добијат интервју за прием отколку подеднакво квалификуваните азиски кандидати со слични оценки и резултати од стандардизирани тестови.
- Министерството води истраги за дискриминации на расна основа и на универзитите Харвард и УКЛА и на факултетите за медицина на универзитетите Стенфорд, Охајо и Сан Диего.
- Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, ја посети Хавана за да му ја пренесе лично на кубанското раководство понудата од претседателот Доналд Трамп – итна економска помош и соработка, во замена за политички реформи.
- Ратклиф е вториот шеф на ЦИА што ја посетил Куба по револуцијата во 1959 година. Тој пристигна во критично време, кога земјата остана без последните резерви на мазут и дизел и воведе рестрикции на струја од по 20 часа на ден.
- Во кубанското соопштение за посетата се вели дека состанокот „овозможил категорично да се демонстрира дека Куба не претставува закана за националната безбедност на САД, ниту пак постојат легитимни причини да се вклучи на списокот на земји кои спонзорираат тероризам“.
- Државниот секретар Марко Рубио еден ден претходно ѝ понуди на Куба 100 милиони долари „хуманитарна помош“ за да ја надмине енергетската криза. Трамп пред посетата на Кина порача: „Куба бара помош и ние ќе разговараме!!!“.
- Во исто време, функционер од Министерството за правда најави дека САД ќе го обвинат Раул Кастро, 94-годишниот лидер на Комунистичката партија, во врска со соборување авиони на хуманитарна организација во 1996 година.
- Ратклиф вчера разговарал со Раул Родригез Кастро - внукот на Раул Кастро.