- Речиси една третина од луѓето во Европската Унија плаќаат редовен месечен надомест за да гледаат филмови, серии, музика или спортски преноси преку интернет. Нови податоци од Евростат покажуваат дека 32,7% од корисниците на интернет во ЕУ имале платена претплата за стриминг во 2025 година.
- На листата убедливо водат Ирска со 63,9% редовни претплатници и Данска со 61,1%, а веднаш зад нив е Холандија со 59,2%.
- На другиот крај се Бугарија, со 9,3% претплатници на стриминг услуги, Словенија со 13,7%, Летонија со 16,7% и Литванија 17,4%.
- На аудио-платформите за стриминг на музика и подкасти, како YouTube Premium и Spotify, се претплатени 23% од граѓаните во ЕУ.
- Традиционалните содржини за читање, како што се веб-страниците со вести, дигиталните весници и списанијата, значително заостануваат со 7,2% претплатници, а уште послаб е интересот (6,1%) за интерактивните претплати за „клауд“ гејминг.
- Украина ненајавено остана без целосен пристап до интернет-услугата Starlink на Илон Маск, што ѝ ги блокираше операциите на бојното поле против руските трупи.
- „SpaceX, компанијата која го управува со Starlink, поставила ограничување на брзината на терминалите во Украина кога дроновите управувани од системот надминувале брзина од 100 милји на час“, изјави Серхиј Бескрестнов, советник во претседателот Зеленски.
- Бекстренов оцени дека компанијата на Маск веројатно дејствувала по барање од претседателот Трамп, кој во саботата го зголеми притисокот врз Зеленски и побара да престане да ги напаѓа руските рафинерии за нафта.
- Маск на својот профил на Икс коментираше: „Зеленски отиде предалеку“.
- Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој, по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеше дека таму нема здравствен случај.
- „Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа бидејќи во основа таму нема здравствен случај“, вели Клековски.
- Татко ѝ Симеон Михајлов исто така има избегано во Бугарија по пресудата од 12,5 години затвор за случајот „Детонатор“. Во моментот македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михајлов.