Санчез ги игнорирал разузнувачките дојави за инвазијата
1 август 2026
- Шпански разузнавачки агенции неколку дена претходно ја предупредиле владата на Педро Санчез за инвазијата на десетици илјади мигранти од Мароко врз енклавата Сеута, но владата не реагирала за да го спречи хаосот.
- Според разузнавачките извештаи, планирано било инвазијата да се совпадне со Денот на тронот – национален празник во кралството Мароко. Кралот Мохамед Шести како „гест на великодушност“ би наредил запирање на граничните контроли кон шпанската енклава.
- Денови пред инвазијата биле спроведени и проби. Автобуси префрлиле илјадници луѓе во градот Кастиљехос, најблиску до границата со Сеута.
- Владата во Мадрид ги игнорирала овие предупредувања и не ја засилила граничната контрола. Во четвртокот во Сеута со пливање или преку оградите се пробија повеќе од 60.000 луѓе и направија хаос во енклавата со 85.000 жители. Мароканската жандармерија не реагирала, а шпанските граничари биле немоќни да запрат толку многу луѓе.
- Шпанските сили воспоставија ред дури во петокот попладне. Повеќето мигранти се повлекоа, откако разбраа дека нема шанси да стигнат до континенталниот дел на Шпанија. Во градот оставија ѓубре, искршени продавници и имоти. Во хаотичните 24 часа загинале повеќе од 50 мигранти.
- Границата од денеска се зајакнува со пловна бариера од 1 метар под површината и 30 до 70 сантиметри над површината, за да ги запре пливачите. Засилени се и крајбрежните патроли.