- Само седум држави ги исполнуваат меѓународните стандарди за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација.
- Од 134 држави и региони опфатени во извештајот, само Австралија, Естонија, Финска, Гренада, Исланд, Маврициус и Нов Зеланд ги исполнуваат ограничувањата за ситни ПМ2,5 честички во воздухот што се исфрлаат од автомобилите, камионите и индустриското производство.
- Најзагадената земја е Пакистан, каде што нивото на ПМ2,5 честички е 14 пати поголемо од пропишаните стандарди на СЗО, па следуваат Индија, Таџикистан и Буркина Фасо.
- Ние најпаметни, пошто следиме ПМ10 а не поопасните ПМ 2,5.
- Организацијата Big Brother Watch открива дека помеѓу 2021 и 2025 година биле уапсени 62.199 лица за дела поврзани со слободата на говорот, што претставува приближно 34 апсења дневно.
- Од нив, најмалку 18.500 лица биле обвинети, а 12.292 биле осудени. Наодите се базираат на барања за слободен пристап до информации.
- Групата открила и големи географски разлики во спроведувањето. Полицијата во Камбрија регистрирала околу 25,7 апсења на 10.000 жители во текот на пет години, во споредба со само 1,9 во соседната Нортумбрија.
- Big Brother Watch тоа го нарекува „Лотарија на поштенските кодови“.
- Околу 30 роботи протестираа пред полското министерство за дигитални прашања, барајќи построга регулација на вештачката интелигенција и роботизацијата.
- Организаторите, кои се луѓе, велат дека е потребна поголема јавна дебата за влијанието на новите технологии врз пазарот на трудот.
- Министерот за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски се сретнал со демонстрантите (?), им кажал дека неговиот оддел работи на потребните регулативи. Еден од организаторите рече дека плановите што моментално ги дискутира парламентот содржат недоволна заштита за работниците.