- Неправилности во пописот на резервите со лекови и начинот на кој вработените во Клиниката управувале со лековите, утврдиле ревизорите во извештајот за работата на универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година.
- Ревизорите посочуваат дека евиденцијата за приемот и издавањето на лекови од аптека до единиците на Клиниката се врши со задоцнување, а податоците за вредноста на лековите кои клиниката ги добивала преку донации воопшто не се внесувале во финансиската евиденција.
- „Во текот на 2023 година Клиниката примила лекови во вредност од 33 милиони денари по основ на донации, но овие податоци воопшто не биле внесени во финансиската евиденција“, велат од Државен завод за ревизија.
- Укажуваат дека Клиниката поседува три линеарни акцелератори кои од областа на радиотерапијата дневно опслужуваат од 180 до 200 пациенти, но и дека има уште два такви акцелератора кои воопшто не се употребуваат.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.