- Синетајмс е веб-сајт кој индексира бесплатни филмови, цртани и документарци на неколку платформи: YouTube, Archive.org, DailyMotion и Vimeo.
- Има интерфејс сличен на Нетфликс па снаоѓањето е лесно.
- Гарант ќе најдете нешто (постаро) што на времето сте пропуштиле да го видите или ви се гледа пак.
- Ремзи Мифтари, осуден на 10 години затвор за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 луѓе, а 30-ина беа повредени, уште во мај требаше да оди во затвор.
- Гостиварскиот суд пред четири дена испратил барање до МВР и СВР Тетово за присилно приведување на издржување на затворска казна.
- Гостиварската полиција не успеала да го најде дома, ниту на други локации.
- Откако Апелација му ја зголеми казната од шест на десет години затвор, Мифтари бараше нејзино одлагање со лекарско уверение за операција на кила на тестиси, но одлагањето на казната одамна му е истечено.
- Овогодишната глобална конференција за климата на Обединетите нации заврши со договор кој не успеа да го реши постепеното укинување на фосилните горива.
- Соединетите Американски Држави беа упадливо отсутни од овогодинешните разговори, познати како COP30, откако администрацијата на Трамп одби да испрати делегација во Белем, Бразил.
- Конференцијата донесе само скромен напредок во меѓународните напори за ограничување на глобалното затоплување и плаќање на трошоците за прилагодување кон потопла планета.
- Постигнатиот формален договор не вклучува никакво споменување на фосилните горива.