Министерството за финансии на САД продава евра од своите резерви, за да купува јени и да ја заздрави стабилноста на јапонската валута.
САД обично користеа долари во досегашните интервенции за засилување на туѓи валути. Продажбата на евра е преседан. Сепак, не се очекуваат големи последици за европската валута, затоа што САД ја имаат во ограничени суми во своите резерви. Федералните резерви на САД претходно се консултирале за потегот со Европската централна банка.
„Инфлацијата во САД во моментов е над целното ниво, па затоа сметаат дека дополнително ослабување на доларот не е најдоброто решение“, објаснува Ли Хардман, виш аналитичар за валути во MUFG.
Вредноста на јапонската валута во четвртокот падна на 164 јени за 1 долар, што е историски минимум по 1986 година. Вашингтон и Токио договорија заедничка интервенција да го стабилизираат курсот. Со контролираното купување јени, САД ја спречуваат потребата на Јапонија да продава американски државни обврзници, што води кон повисока камата што САД ја плаќаат за своите долгови.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.