- САД ќе мораат да ја продолжат војната во Иран без најголемиот носач на авиони „Џералд Форд“, поради долгото време потребно за поправка на штетите од пожарот што избувна на 12 март.
- „Џерлад Форд“ беше повлечен од борбената позиција пред четири дена и сега е на пат кон бродоградилиште на Крит во Средоземно Море. Сè уште се врши проценка на штетите и се очекува поправката да трае од 12 до 14 месеци.
- Пожарот на 12 март избувна во пералницата и се прошири на други сектори. На повеќе од 100 морнари им беше укажана помош поради вдишување чад, а неколку стотини не можеа да ги користат спалните.
- Од „Џералд Форд“ беа извршени повеќето од над 7.000 американски воздушни мисии врз цели во Иран. Во регионот е распореден и носачот „Абрахам Линколн“, но „Џералд Форд“ е од понова класа, со помодерна технологија и со капацитет за повеќе летови.
- Ова беше првата борбена мисија на бродот од 100.000 тони и нуклеарен погон, кој беше пуштен беше во употреба во 2017 година. Носи околу 5.000 морнари и авијатичари и повеќе од 75 авиони.
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.
- Најмалку 12 луѓе загинаа и десетици се повредени во верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија.
- Во услови на исклучително густа магла во 7 часот наутро, близу клучката „Зимница“ имало два верижни судари – едниот во правец кон Бургас, а другиот во спротивната насока кон Софија.
- Се судриле повеќе од 86 автомобили, камиони и автобуси. Некои се запалиле.
- Десет лица загинале на место, а уште две починале при транспорт до болница.
- Најмалку 48 повредени луѓе биле префрлени во болниците во Јамбол и Сливен, некои во тешка состојба, изјави министерката за здравство Катја Ивкова.
- Во операцијата за извлекување патници од возилата и укажување итна помош се ангажирани и припадници на воените сили, со хеликоптери и транспортни авиони.