- Само неколку дена по неговиот пораз на претседателските избори, градежната инспекција му наредила на Мило Ѓукановиќ да ги урне неговите дивоизградени објекти во Никшиќ бидејќи биле во спротивност со урбанистичкиот план.
- Му дале рок од 20 дена да ја изврши одлуката, во спротивно државата ќе го стори тоа.
- „Граѓаните, дури и оние 40 отсто што гласаа за претседателскиот кандидат Мило Ѓукановиќ, сега јасно можат да видат кој го кршел законот и колку Мило Ѓукановиќ ги почитувал црногорските институции, за кои, според неговите зборови, најмногу се залагал, наводно „бранејќи ја Црна Гора“, соопшти Демохристијанското движење.
- Саудискиот престолонаследник Мохамад бин Салман ја одбил понудата од Бенјамин Нетанјаху израелските сили да се вклучат во војната против бутновничките хути во Јемен.
- Целта на понудата од Нетанјаху, според извори на „Хаарец“ била ги зајакне врските со Саудиска Арабија заради нормализација на односите помеѓу двете земји.
- Главниот услов на Ријад за воспоставување официјални односи е Израел да им дозволи на Палестинците да имаат своја држава.
- Хутите во изминатата недела извршија четири напади врз меѓународниот аеродром во Ријад, при што загинаа 18 луѓе и повеќе од 300 беа ранети. Немало ниту една звучна тревога за воздушна опасност. Сирените биле исклучени затоа што граѓаните се жалеле дека ги будат од спиење.
- Компанијата Getty Images ќе поднесе барање за стечај за да се реструктуира во приватна компанија и да го избрише долгот од 2,1 милијарда долари, предизвикан од појавата на алатките со ВИ за генерирање слики.
- Членовите на семејството Гети и инвестициската фирма Koch ќе вложат 533 милиони долари нов капитал за да ја преземат целосната сопственост.
- Њујоршката берза веќе почна процедура за бришење на Getty од листинзите, бидејќи вредноста на акциите падна за над 99%.
- Финансискиот ресет доаѓа по низа кризи, вклучувајќи го и пропаднатото спојување со конкурентот Shutterstock вредно 3,7 милијарди долари.
- Покрај Getty, и Shutterstock и Adobe Stock ги чувствуваат последиците од сликите и видеата генерирани со ВИ, кои ја заменуваат набавката на содржини и да вршат притисок врз цените за лиценцирање.