- Дека Александар Вучиќ е најголемиот српски инфлуенсер (како што пишавме) уште еднаш се покажа точно: откако јадеше сендвич со паризер, продажбата на оваа евтина салама драстично се зголемила.
- Самиот Вучиќ се пофали дека во еден ланец маркети, продажбата на паризер скокнала за дури 1.086 проценти односно биле продадени 2.259 килограми од саламата.
- И не се откажува. Во најновата епизода од „српскиот телешоп“ вадеше зелка, џем, паштета, виршли, сапун, паста за заби....
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.
- Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, најави дека следната година ќе биде намалено производството на Сајбертракот, за да се фокусира на комплетно автономните такси возила.
- Електричната Годзила се произведува само во мега-фабриката на Тесла во Остин и засега нема најави дека производството може да биде преместено на други локации.
- „Конечно, иднината ќе изгледа како иднина,“ ентузијастички изјави Маск при лансирањето во 2023 година но возилото не ги исполни продажните надежи: во САД пречка за тоа беше електричниот погон а во Европа габаритот.
- Појавата на Сајбертракот како ретко која кола ги подели луѓето: на едни им беше екстремно грд, на други преубав од што е екстремно грд.