Компанијата на Марк Закерберг соопшти дека ги забранува РТ, РИА новости, Спутник и други руски државни медиуми на сите свои платформи (Фејсбук, Инстаграм, Воцап...)
Така решиле откако САД обвинија луѓе на РТ дека префрлиле 10 милиони долари за скриено влијание врз западната публика на низа социјални медуими.
Наводно била финансирана компанија за создавање онлајн содржини од Тенеси која од крајот на 2023 година продуцирала 2.000 видеа кои биле видени 16 милиони пати на Јутјуб.
16 милиони пати? Тоа е големата опасност од моќната руска пропагандна империја?
Ок. Оваа (неслушлива) песна на Раста и Ана Николиќ е видена преку 80 милиони пати на Јутјуб:
Со пушка и храна, осомничениот атентатор на Доналд Трамп кмишел во близина на игралиштето за голф 12 часа, пред да биде забележан од тајната служба која запукала во негов правец по што овој се уплашил и избегал со кола, за да биде фатен во соседниот кварт.
58 годишниот Рајан Весли Раут не успеал да пука кон Трамп ниту имал прилика да го има на нишан.
Украина и батаљонот Азов (во чие пропагандно видео се има појавено Раут) се дистанцираа од Раут кој страсно порачуваше дека би загинал за Киев а лани има напишано и ракопис за инспирирање за атентат на Трамп кој го има барано од Иран.