- Румен Радев ги потсети лидерите на земјите членки на ЕУ дека со внесување на Бугарите во македонскиот устав, не се исцрпуваат условите кои треба да ги исполни Македонија.
- Како што сме се откажале од античката историја, да сме се откажеле од бугарската историја.
- Радев бара Бугарите во македонскиот устав да бидат внесени како државотворна нација.
- Партијата „Раам“ на Арапите во Израел го поддржа Гади Ајзенкот како мандатар за состав на идната влада, по парламентарните избори кои завршија без јасен победник.
- Со осумте пратеници од Раам, блокот зад Ајзенкот веќе има поддршка од 56 пратеници, повеќе од блокот на Бенјамин Нетанјаху (52).
- Тоа може да биде пресудно, бидејќи претседателот Исак Херцог денеска ги почнува консултациите со политичките партии и треба да му го додели мандатот на кандидатот кој има најголема поддршка во Кнесетот.
- За Ајзенкот се очекува да се определи и другата партија на Арапите – „Заедничка листа“, која освои 11 пратенички места.
- Ајзенкот пред изборите отфрлаше коалиција со партиите на Арапите во Израел, но би можел да состави малцинска влада, која би добивала поддршка за клучните одлуки.
- Договорот на Доналд Трамп со Владимир Путин за увоз на руски дизел се чини дека пропаѓа, откако два танкери скршнаа од курсот кон САД.
- Неколку недели пред изборите во САД, Трамп ненадејно ги укина санкциите за увоз на руски дизел за да ја спушти цената на горивото на пумпите.
- Американските резерви на дизел паднаа под 100 милиони барели првпат во последните две децении.
- Танкерот „Талисман“, кој е под санкции од САД, Британија и ЕУ, и „Леруо“, кој е под санкции од Британија, ЕУ и Канада, повеќе не го наведуваат атлантскиот брег на САД како своја дестинација. Првиот се упатил кон Средоземно Море и објавил сигнал дека чека наредба, а другиот скршнал кон Бразил.
- Во меѓувреме, трет танкер под санкции – „Бист“, плови кон САД откако на 27 октомври тргнал од руското пристаниште Приморск.
- Како можна причина за промената на курсот на танкерите, Фајненшл тајмс ја наведува неизвесноста дали ќе им биде дозволено да влезат во американските пристаништа поради легалноста на товарот.