Пратките со јаглен ќе пристигнат во Кина месецов, а пратките со нафта ќе пристигнат во мај.
Ова ќе бидат првите пратки на енергенси платени во јуани откако САД и Европа ја казнија Русија и отсекоа неколку нејзини банки од меѓународниот финансиски систем.
Плаќањето во јуани е исклучително важно за напорите на Кина да ја наметне својата валута на светско ниво (веќе е во преговори во јуани да ја плаќа и нафтата од Арапите), а за Русија е важно како можност за олабавување од стегите на доларот и еврото.
Во 2019 доларот се користел во 88% од меѓународните трансакции, споредено со 4,3% на јуанот. Ама па Кинезите не се брзаат нешто посебно.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.