Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Преписка Илија Димовски - Бујар Османи

4 јули 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Димовски до Османи:

    Замисли Бујар некој да ти предложи и да те пристиска, а ти, уште повеќе, да потпишеш и прифатиш дека:

    Прво, Албанците во Македонија не се ист народ со Албанците во Албанија, исто како што во „Преспа" пишува дека Македонците од Македонија и Македонците од Грција немаат ништо заедничко и не се исти.
    Второ, замисли да мора да прифатиш и потпишеш дека Енвер Хоџа ја создал албанската нација на вештачки начин, онака како што бугарското Собрание со својата Декларација од 2019 година тврди за Тито и Македонците.
    Трето, еве помисли Бујар, како би ти било да треба да потпишеш и прифатиш дека Албанците во Македонија не смеат да го користат албанското знаме исто онака како што со Времената спогодба, а потоа и со „Преспа" забранувате и брусите онаму каде што има македонско шеснаесеткрако сонце.
    Четврто, би можел ли да замислиш ситуација во која ти или некој колега од ДУИ мора да прифати и потпише дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина е Турчин, како што нам Македонците ни се случува секојдневно благодарение на промашената политика на оваа Влада, те за Гоце Делчев, те за десетици други борци за слобода на Македонија.
    Петто, би се согласил ли Бујар да ставиш во меѓународен правен договор дека Албанците немаат никакво илирско потекло ниту културолошко наследство од Илирите и дека на пример Илирите се Словени, а не Албанци, исто онака како што со Преспа прифативте дека ние Македонците немаме никакво македонско потекло и дека Македонците биле Грци (види "Преспа", член 7).
    Шесто, како би ти било да правиш „мали" компромиси за албанската нација и историја со оние што секојдневно и со години наназад тврдат дека албанската нација е вештачка и создадена со албанизирање на Турци, Словени, Власи и Роми, исто онака како што секојдневно преговарате „мали" компромиси за историјата со оние кои имаат ваков однос и тврдење кон нас Македонците.
    Еве вака изгледаат работите низ призмата на Македонците, доколку сакаш да погледнеш и знаеш (оригиналот овде).

  • Османи до Димовски:

    Те разбирам, ама не се согласувам како ги делиш прашањата на „албански“ и „македонски“.

    Јас Илија, постојано барам дијалог затоа што имам потреба да разговараме за важни прашања:
    За тоа како ќе обезбедиме заедно никогаш повеќе никој да не го спори македонскиот јазик, и како тој да стане официјален и службен јазик на ЕУ, на ОН, на оваа организацијата со која од следната година претседаваме – ОБСЕ инт.
    За тоа како ќе обезбедиме зборот Македонец да ја означува етничката припадност на нашите сограѓани Македонци, и никогаш повеќе никој, никаде да не може да го спори тоа
    За тоа како ќе обезбедиме македонските ора, македонските села, македонскиот фолклор, македонската песна, македонскиот еп, да бидат дел од македонската етничка посебност, и никој никогаш никаде да не може да го спори тоа.
    За тоа како ќе обезбедиме сето ова да не остане само во нашите глави, ами да стане дел од светската номенклатура и комуникација.
    За тоа како ќе им обезбедиме на нашите сограѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, европска иднина, и зошто тоа да не го направиме на ист начин и за оние наши сограѓани кои себе си се сметаат за Црногорци, Бугари и Хрвати.
    За тоа како ќе го зачуваме, негуваме и промовираме нашиот автентичен модел на успешна мултиетничка демократија
    За тоа како ќе обезбедиме европска перспектива, европски стандард и европски вредности овде дома, за сите нас.

извор

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

15 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
  • Галего, кој пред да влезе  во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
  • „'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
  • Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.
извор

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

14 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Трите најголеми италијански мафијашки групи формирале нов сојуз, кој ја засилил соработката со албанската мафија за трговија со дрога. „Најновите истраги открија стабилни и стратешки односи меѓу организации од Калабрија со Албанците“, изјави Никола Пјаченте, главниот обвинител на Џенова.
  • Сицилијанската Коза ностра, калабриската Ндрангета и неаполската Камора ја препознале штетата од меѓусебните војни и формирале сојуз „Хидра“ за да го зголемат профитот од своите криминални активности, без да ја жртвуваат автономијата.
  • „Јасно е дека исчезнуваат историските разлики меѓу мафијашките организации, дури и во трговијата со дрога“, заклучува во нов извештај националниот обвинител за борба против мафијата, Џовани Мелил.
  • Проширена е и соработката со криминални групи од Кина за меѓународни исплати преку паралелен систем за трансфер на пари познат како „хавала“.
  • Парите од шверц на дрога од Јужна Америка ги перат преку инвестиции во градежништво, фирми за управување со отпад и супермаркети.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Не се закачајте со Гоца

Балканштина
4

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина
5

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
6

Волк на скромна македонска софра

Разно
7

На некој да не му фали Волво?

Македонштина
8

Договорен историски самит Си-Трамп-Путин во Кина

1

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

2

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

3

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
4

Договорен историски самит Си-Трамп-Путин во Кина

5

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
6

Изборот на единствен лидер е невозможна мисија за Европа

Свет
7

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Свет
8

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Балканштина

Не се закачајте со Гоца

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Плаво око за 20 секунди

Горди што не се феминистки

Куме, мораше ли вака?

Зошто камиказите носеле шлемови?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy