Во очигледна вендета против синдикатот на контролорите и нивниот бунт што се примаат луѓе по партиска линија дури и кога одбиваат тестирање, премиерот Ковачевски најави инспекција во М-НАВ со оценка дека тоа станало семејна фирма во се вработувале роднини до трето колено.
Ковачевски знае за семејните стебла на синдикалците, но не и за луѓето во неговиот кабинет: најмалку тројца министри имаат вработени роднини во МНАВ, а има и вработувања на повеќе членови од семејство на еден поранешен пратеник, открива КОД на Лупевска.
„Мене ми пречи селективноста на премиерот, со едното око гледа што прави претседателот на синдикатот и му наоѓа семејни врски, дека татко му уште од времето бил во југословенска авијација и слично, а се прави дека не гледа дека снаата на Артан Груби, дека сестрата на Бујар Османи и дека два зетовци и еден син на Ејуп Алими и на Беким Незири се вработени во М-НАВ“, рекол Антонијо Милошоски на радио „Лидер“.
На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.