- Џони Лидон (Секс Пистолс) и неговиот бенд Public Image Ltd се во трка за ирски претставник на Евровизија 2023.
- Нивната песна „Хаваи“ е љубовно писмо на Џони до неговата сопруга Нора, која живее со Алцхајмер. Во 2020 Лидон се откажа од идејата за нов албум за да може да се грижи за сопругата.
- Натпреварот ќе се одржи во Ливерпул кој го победи Глазгов како домаќин - заменик на Украина во која заради војната е невозможно да се организира европското музичко шоу.
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната во Средоземно Море, откако Киев потврди дека нападнал два руски брода кај либиското пристаниште Бенгази.
- Украински беспилотни летала во неделата нападнаа руски воен брод закотвен во пристаништето во Бенгази, како и трговски брод што плови под малтешко знаме, во близина на брегот. Повредени беа десет лица.
- „Го знаете мојот став за Украина, но војната не смее и не може да биде проширена во Медитеранот. Мораме да бидеме јасни со нашите украински пријатели, како што бевме јасни со нашите партнери“, изјави Мелони пред самитот на лидерите на ЕУ за буџетот на Унијата за периодот од 2028 до 2034 година.
- Мелони оцени дека ЕУ треба да продолжи да ѝ помага на Украина да се брани, но додаде дека Италија истовремено мора да ги штити своите граници и граѓани. Овој став јасно му го пренела на украинскиот претседател Володимир Зеленски.