Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Почна судењето од кое сите очекуваат одговори на кои ќе може да им се верува

20 септември 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Сите обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се изјасниле за невини.
  • Било одбиено барањето на мајката на Вања од судскиот процес да бидер исклучена јавноста.
  • „Нема повик од никој кој од мајката бара откуп. Дупката е претходно копана, значи, за да биде убиена, не за да се бара откуп. Самото ЈО пишува дека дупката е претходно ископана“, вели првообвинетиот за двојното убиство, Љупчо Палевски.

  • Палчо, за кого ова е политички монтиран случај, вели дека не се познава со таткото на Вања и обвинителството нема докази за комуникација меѓу нив. 

  • „Ќе докажеме дека Александар (Ѓорчевски, таткото) е жртва и постапил како секој родител чие дете е исчезнато. Иако разведен тој имал висок степен на грижа за децата. Растројството на Александар откако одлучил самиот да води истрага за исчезнатото дете е искористено за тој да биде погрешно разбран и обвинет. Тој не ги познава обвинетите, нема поврзаност со нив и нема умисла за грабнување. Ова е паушално обвинение како резултат на лоша истрага. Не е докажан мотивот на Александар за материјална корист. Вања и Миња веќе биле сопственици на станот кој се инсинуира за мотив и тоа со договор за дар од таткото Александар. Одбраната ќе докаже дека Александар наместо да е жртва бил изложен на тортура во полиција и недолично однесување за да му се изнуди признание на вина. Има медицински извештаи од повредите и извештај од Хелсиншки комитет„ рече адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ.

 

извор

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

5 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Милијардерот и технолошки магнат Питер Тил го обвини папата Лав XIV дека делува како „кинески комунистички агент“ застапувајќи се за регулирање на вештачката интелигенција во неговата серија предупредувања и предвидувања за иднината на вештачката интелигенција и западната цивилизација.
  • Ко-основачот на Пејпал и Палантир предупреди и на опасност од „социјалистички преврат“ во Демократската партија на САД.
  • Питер Тил беше еден од првите кои го поддржуваа Доналд Трамп а беше и ментор на кариерата на ЏејДи Венс.
  • Смета дека со тоа што бара меѓународна регулација на вештачката интелигенција, Папата се става во служба на кинеските интереси. 
  • Во есеј од 2009 година, Тил напиша дека слободата и демократијата не се компатибилни а дека женското право на глас ја направило „капиталистичката демократија“ оксиморон. Ја финансираше кампањата на Халк Хоган против Гавкер (по која медиумот банкротираше) зашто го пишуваа дека е геј.  

извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
2

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
3

Вимблдонска утопија

Мешано
4

Музеј на современи вазали

Македонштина
5

Дискутабилни совети за бавча

Балканштина
6

Одбери ја својата криза на средни години

Мешано
7

БЈР Матрикс

Разно
8

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
1

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

2

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
3

Европа станува бастион на цензурата

Медиуми
4

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Разно
5

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

6

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
7

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

8

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кој е глуп а кој само знае што сака?

Почитувачи на Северна, се нервирате ли?

Деца, напнете

Громовно оро

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy