Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Пендаровски пропушти уште една прилика „да си ја земе мерката“

22 декември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европските интеграции, уставните измени и корупцијата биле централните теми на кои претседателот Стево Пендаровски обрнал најголемо внимание во неговото традиционалното годишно обраќање пред пратениците во Парламентот.
  • За промената на уставот рекол дека е потребна кристално јасна и чиста правна и политичка процедура (види фото).
  • Побарал конкретни резултати во борбата против корупцијата и упатил критика до правосудството за скандалозните одлуки (една од таквите е последното именување за претседателка на Судски совет на лице кое таму е влезено како негов предлог, никогаш не била судијка, била приправник па стручен соработник во Кривичниот суд Скопје, ама затоа била член на правната комисија во СДСМ).
  • Ова е четврто обраќање на Стево Пендаровски пред македонските пратеници и повторно не се сети на своите зборови:
    „Сите слободарски граѓани душата ќе му ја извадат на тој кој евентуално би го потпишал тоа (промената на името - н.з). Нема да го остават така во фотељата во која е. Мислам дека шанси нема за такво нешто, ама ако има, ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе.“

п.с. Види и „Собрани недела на Стево“

 

извор

ЏД Венс: Ни Русија ни Украина не можат да напредуваат на фронтот

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американскиот потпретседател ЏД Венс изјави дека Русите не можат да постигнат речиси ништо во офанзивните операции на фронтот, ниту пак Украинците можат со своја контраофанзива да ги ослободат окупираните територии.
  • „Русите плаќаат висока цена за секој квадратен километар што го освојуваат. Сега се во ситуација каде што шансите да постигнат нешто преку продолжени офанзивни операции се занемарливи и се приближуваат кон нула. Ова би можело да го создаде просторот што ни е потребен за да го донесеме ова прашање до крај“, изјави Венс во интервју за Сандеј тајмс.
  • Фронтот, според него, е замрзнат затоа што САД и НАТО ја охрабриле Украина да се фокусира повеќе на одбраната и на исцрпување на Русија отколку да почне скапи офанзиви за освојување на окупираните територии.
  • „Ако се сеќавате на летото 2023 година, главниот спор беше дали Украина треба да се обиде со голема контраофанзива. Речиси целиот западен свет, вклучувајќи го и претседателот Бајден, извршија притисок врз Украинците да почнат масовна контраофанзива, што подоцна се покажа како стратешка и тактичка катастрофа“, потсети Венс.
извор

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Иран не може да најде доволно купувачи за својата сурова нафта пред да истече рокот за слободен извоз од 60 дена, согласно Меморандумот за разбирање со САД.
  • Техеран на 1 јули соопшти дека испорачал над 40 милиони барели сурова нафта откако САД ја укинаа поморската блокада. Но, повеќе од 20 милиони барели се во азиските води подолго од седум дена, што е зголемување од речиси 18% во однос на претходната недела.
  • Според извори на Блумберг, јасна дестинација немаат 90% од танкерите на кои се натоварени 58 милиони барели иранска нафта. Официјално се водат како „за нарачка“ или пловат кон Сингапур, со надеж дека ќе договорат извоз. 
  • Главна причина е намалената побарувачка на големиот азиски пазар, кој очекува испорака на нафта од другите земји од Персискиот Залив. Кина, најголемиот увозник на иранска нафта пред војната, го преполовила увозот на 654.000 барели. Само еден ирански танкер истоварил нафта во Кина во изминатата недела. Индија чека конечен договор и целосно укинување на санкциите за да прави долгорочни нарачки.
  • Ограничувањата на Европската Унија и Британија сè уште се на сила. „Купувачите остануваат претпазливи дека Вашингтон би можел повторно да воведе санкции ако преговорите пропаднат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Македонштина
2

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

3

Зелениот кинески ѕид околу пустините расте побрзо од другите шуми

Разно
4

Дискутабилни совети за бавча

Балканштина
5

Супер натпревар на Ацтека, Англија со играч помалку оди во четвртфинале

Фудбал
6

Новите руски војници во просек преживуваат 35 минути борба на фронтот

Свет
7

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
8

Вимблдонска утопија

Мешано
1

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

2

Зелениот кинески ѕид околу пустините расте побрзо од другите шуми

Разно
3

Новите руски војници во просек преживуваат 35 минути борба на фронтот

Свет
4

На Трамп не му се верува дека милиони Иранци плачат по ајатолахот

5

Трамп дели правда и на Светското првенство

6

Врховниот суд ги заштити трујачите со хербициди од тужби на болни од рак

Здравје
7

ЏД Венс: Ни Русија ни Украина не можат да напредуваат на фронтот

8

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Квадратура на кругот

Интерстелар, Интерстелар, харе, харе

Самрак на Боговите

Синан он мај мајнд

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy