Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Пендаровски ги потпиша измените на Кривичниот, застаруваат 14 предмети

7 септември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Стево Пендаровски го потпиша Указот за промените во  Кривичниот законик. Од кабинетот велат дека со измените усвоени од парламентарното мнозинство, не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени во вршење на службата. Казни и понатаму се предвидени за сторителите на тие дела, со тоа што со овие измени акцентот е ставен и на т.н. проширена конфискација на имот.

  • Со донесувањето на измените на Кривичниот законик ќе се овозможи застарување на 14 судски предмети во кои се обвинети над 80 лица, според проценките на Коалицијата „Сите за правично судење“, што ја објави денеска на фејсбук, притоа напоменувајќи дека во оваа евиденција не се земени предвид случаите кои во моментов се наоѓаат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК).

  • Ќе застарат: ТНТ, Талир, Талир 2, Трезор, Тарифа, Дизајн, Топлик, Титаник, Тендери, Титаник 2, Траекторија, Шпански скали, Таргет/Тврдина, Предмет за Стевчо Јакимовски.

извор

Зохран Мамдани, прв муслимански градоначалник на Њујорк

5 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Кандидатот на демократите Зохран Мамдани првиот муслимански градоначалник на Њујорк. На изборите, кои на некој начин беа референдум за првите десет месеци од власта на Трамп, Мамдани освои 50,4% од гласовите пред независниот Ендру Куомо (41,6%) и републиканецот Куртис Слива (7,1%).
  • „Демократскиот социјалист“, како што се претставува прогресивецот, до пред некој месец беше непознат за пошироката јавност. Во кампањата ветуваше дека ќе ги оданочи милионерите за да ги прошири социјалните програми. Ветуваше бесплатен автобуски превоз, универзална грижа за деца и намалување на кириите.
  • Претседателот Доналд Трамп ги повика њујорчани да гласаат за поранешниот демократ Куомо и се закани дека ќе ги укине федералните средства за Њујорк ако победи „комунистот“ Мамдани. 
  • „Во овој момент на политички мрак, Њујорк ќе зрачи светлина“, изјави Мамдани. На претседателот Трамп му порача дека „градот во кој доживеал подем може да го порази“.

  • Кандидатите на демократите победија и на изборите за гувернери на Вирџинија и Њу Џерси. Калифорнија изгласа прекројување на избирачките единици за конгресмени, во полза на демократите.
извор

Пожар во пензионерски дом во Тузла, загинаа 10 луѓе

5 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Десет луѓе загинаа и најмалку 20 се повредени во пожар во пензионерски дом во Тузла. Сите загинати се пензионери, а меѓу повредените има пожарникари, медицински лица, полицајци и вработени во домот.

  • Пожарот избувнал синоќа во 20.55 часот на седмиот кат на зградата, каде што биле сместени лица со попреченост. 
  • Противпожарите екипи брзо интервенирале и за еден час го изгаснале огнот, но не можеле навремено да им помогнат на пензионерите, меѓу кои имало и болни и неподвижни лица. Причината не е уврдена.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кој и да е дечкото, добар е

Македонски рулет
2

Градоначалникот на Њујорк се лути ако го викате Зоран

Разно
3

Постојат прекрасни идиоти

Македонштина
4

Овие ли ќе бидат подобри од Вучиќ?

Балканштина
5

Рецензија за ракија

Балканштина
6

Швалери од бекстејџ

Балканштина
7

Ново дно дна издание во мак фудбалот со намерно примање голови

Фудбал
8

Најсрамниот пенал за 2025-та е досуден во Германија

Фудбал
1

Падот на трансродовата Америка

Мислења
2

Кина крие црвено копче во зелените градски автобуси за Европа

Свет
3

Зохран Мамдани, прв муслимански градоначалник на Њујорк

4

Шпанија им дава државјанство на потомците на „шпанските борци“

5

Темната страна на владеењето на Зеленски

Свет
6

Техеран има вода за две недели

Свет
7

ББЦ ги ширел лагите на Хамас

Свет
8

Почина Дик Чејни

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Постојат прекрасни идиоти

Балканштина

Рецензија за ракија

Балканштина

Швалери од бекстејџ

Балканштина

Точна дијагноза

Балканштина

Што барате, тоа ќе добиете

Балканштина

Цецо, Цецуле, неписмено девојче

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Интервјуто што ќе ве занеми

За оние што не читале стрипови

Сакате морална дилема?

Прашање за шесто одделение

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy