Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Палчо: Не сум грабнувач и убиец, убиецот е од Велес

18 септември 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ви неколку продолженија објавени на Буревесник, Љупчо Палевски Палчо го негира она за што се товари во случаите со грабнувањата и убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот Панче Жежовски од Велес.
  • Палчо тврди дека делото му е сместено од Оливер Спасовски и Гаврил Бубевски:

„Послушниците на Бубевски НЕ го докажале присуството на осомниченото возило на местото на настанот, НЕ докажале МОЕ присуство на местото на настан, НЕ докажале присуство на ПАЛЧО во Рено Кангу кое е осомничено возило и многу, многу интересни докази, но и искази во ОЈО, како осомничено лице 24 часа Е ТЕПАНО, со експлицитна наредба да каже дека Палчо ја убил Вања. ДА, ДА, искази во ОЈО запишани, со прецизен опис на ќотекот!“

  • „ОЈО НЕМА доказ за физичко присуство на Палчо во осомниченото возило. Но, повторно се враќам на обвинението, во кое токму Велибор Манев, како убиец кој признал, мене ме посочува дека сум ја убил Вања, дека јас сум го управувал осомниченото возило иако вештачењето за биолошки траги недвосмислено утврдило 3 негови ДНК траги од која едната на позиција на шофер!“ се вели во писмото Доста беше ќутење!
  • За Палевски особено за неверување е што обвинителството и натаму за вмешаност го сомничи таткото на Вања, наводно откривајќи им на злосторниците кога Вања оди во школо, небаре тајна е кога почнува настава во Песталоци.
  • Се наведува дека таткото сам собирал и доставувал снимки од камери во Дебар маало и ги предавал на полицијата.
  • За тоа дека Вања е убиена од користољубие за на мајка ѝ да ѝ се земат 30.000 евра, Палчевски вели:

„На црниот хард диск, марка Тошиба ќе ги најдете истите 300.000 разговори што ги имаа СЈО и Заев, зарем не е полесно со тие гнасотии од оваа гнасна елита да земам пари заради користољубие, отколку да убивам дете и старец?!“

  • Една од најшокантните тврдења во писмата на Палчо е дека убиството на Вања е грешка и дека требало да биде убиено друго, постаро лице.

„ОЈО ги крие исказите на признавачите кои ме посочуваат затоа што и двајцата, најмалку 6 пати повторуваат дека Вања била грешка, постара личност требале да грабнат. Но, таа околност, ОЈО НЕ ја спомнува, ниту пак еднаш НЕ ги прашала ако Вања е грешка, КОГО ТРЕБАШЕ ДА ГРАБНЕТЕ?!“

извор

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

4 ноември 2026
  • Share
  • Post
извор

Иран: Американците рекоа НЕ за војната

4 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Главниот ирански преговарач Мохамед Галибаф го оцени катастрофалниот пораз на републиканците на изборот за Конгресот како јасен знак дека американските граѓани се против војната со Иран.
  • „Американците рекоа ‘НЕ ЗА ВОЈНА’. Ние ја поддржуваме оваа порака“, изјави Галибаф.
  • Ако американската влада ја изневери волјата на својот народ за да им служи на меѓународни налогодавачи и уценувачи, ќе сфати дека нашето ’НЕ‘ носи кошмар“, додаде претседавачот на Парламентот на Иран.
  • Во последните неколку недели пред изборите американскиот претседател Трамп во исто време се закануваше со нови, уште пожестоки напади врз Иран и разгледуваше нова мировна иницијатива за крај на војната. На прашањето дали ќе нареди нови напади уште во текот на оваа недела, одговори: „Ние сме спремни ако треба, но можеби нема да нема потреба“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Македонски колбас со ајвар

Разно
2

Се очекува стампедо

Балканштина
3

Како се однесува Богојески кога не е под надзор

Македонски рулет
4

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Балканштина
5

Јапонија бара резервен главен град

Свет
6

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Канта
7

Сигурно го нема запознато во школо

Видео
8

Биди Кина

Мешано
1

Јапонија бара резервен главен град

Свет
2

Ерменија брза кон ЕУ

3

Со војната против Иран, Трамп го смени режимот - во Вашингтон

Свет
4

Демократите го држат Сенатот

5

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
6

Иран: Американците рекоа НЕ за војната

7

Републиканците го изгубија и Претставничкиот дом

8

Германија толерира 200.000 нелегални мигранти

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Се очекува стампедо

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Американците добиваат незгоден комшија

„Важно се сеќавате на убавите спомени“

Платон, Јелена и Алан Форд

Точно е за она за клинот, само сменете клин

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy