- Од утре МВР ќе ги издава возачките и сообраќајните дозволи без надомест, а сите вработени во МВР ќе добијат по една плата плус во висина на последната исплатена плата.
- На седница на владата било решено бесплатни да бидат и патните исправи на оние наши кои живеат во странство а сакаат да се вратат дома.
- Битиќи признава дека биле дискриминирани оние луѓе кои платиле за вадење на документи после промената на името а добиле обрасци со старото (вистинското) име на оваа држава.
- Кој е крив за хаосот? Короната.
- Американците имаат сè понегативни ставови за Израел и за премиерот Бенјамин Нетанјаху, според новото истражување на центарот Пју. Анкетата спроведена во март покажува дека 60% од возрасните во САД имаат неповолен став за Израел, во споредба со 53% минатата година.
- 28% од возрасните Американци имат „многу неповолен“ став за Израел. Тоа е за 9% повеќе од лани и речиси тројно повеќе отколку во 2022 година.
- Впечатлива е разликата во довербата на републиканците за политиката на израелскиот премиер. Меѓу оние на возраст над 50 години, 58% се убедени дека Нетанјаху носи правилни одлуки, а од помладите му веруваат само 30%.
- Повеќе од половина од Американците (55%) немаат доверба дека претседателот Доналд Трамп прави добри одлуки кога станува збор за односите меѓу САД и Израел. Овој процент е речиси непроменет од август 2025 година.