- Врховниот судија Наќе Георгиев кој беше фатен со мито од 10 илјади евра, сака да се спогоди: согласен е да оди во затвор толку долго колку што ќе процени судот откако ќе ја земе предвид и оваа негова понуда.
- И членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, признал вина и се спогодил со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
- Се спогодиле за условна казна затвор од една година и забрана за вршење на професија три години за примање мито.
- „Некој што бил Народен правобранител и член на Советот на јавни обвинители и е фатен во криминал, треба да лежи во затвор најмалку 10 години. Без право на помилување. Само така се искоренува корупцијата во правосудната фела.“ реагираше Мирјана Најчевска.
- „Иако првично негираше вина кога виде условна му се ококорија очињата. За разлика од Наќе не виде ни ден притвор. А и зашто би кога Изет е од ДУИ, а не е тајна влијанието на ДУИ во организиран“, се огласи адвокатот Јанаки Митровски.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.