- Досега се одобрени апанажи на околу 40 поранешни функционери, од кои 36 се поранешни пратеници. Во наредните 12 месеци ќе ја земаат истата плата што ја земале како министри, заменици, директори на јавни претпријатија, од 1500 до 2000 евра месечно.
- Димитар Ковачевски, Бујар Османи, Артан Груби, Славица Грковска, Ристо Пенов, Азир Алиу и Каја Шукова нема да бараат апанажа и ќе се вратат на претходните работни места.
- Груби ќе оди на Универзитетот во Тетово како професор по новинарство, додека неговиот сопартиец Бујар Османи ќе се врати на Клиниката за дигестивна хирургија.
- САД концентрираат на Блискиот Исток најголеми поморски и воздушни сили по инвазијата врз Ирак во 2003 година, предупредува Волстрит журнал.
- Во водите близу Иран се носачот на авиони „Абрахам Линколн“ , девет разурнувачи и три борбени бродови, со нивните придружби. На пат е и носачот „Џералд Форд“ - најголем во светот, придружуван од три разурнувачи. Сега се кај Гибралтар. Кога ќе пристигнат, спроти Иран ќе бидат поставени речиси една третина од вкупните поморски сили на САД.
- Во воздухопловните бази во регионот пристигнале или се на пат напредни авиони ф-35, ф-22, ф-15 и ф-16, како и воздушни танкери КЦ-135. Во регионот се доставени оружје и муниција доволно за војување со недели, не само за единечен удар.
- Полскиот премиер Доналд Туск ги повика полските државјани итно да го напуштат Иран. Ги предупреди дека поради ризикот од воен конфликт им преостануваат само часови пред да се затвори временскиот прозорец за евакуација. „Ве молам заминете веднаш... и не одите во оваа земја под кои било услови“.
- Цената на нафтата вчера скокна за 4% на над 71 долар за барелот „брент“ и продолжи да расте поради стравувањата на инвеститорите дека ќе биде загрозен извозот од Персискиот залив преку Ормускиот теснец, низ кој поминува една четвртина од глобалната трговија со нафта со танкери. Иран извезува 1,5 милион барели нафта на ден, главно за Кина.