54% од гласачкото тело во САД се за масовна депортација на илегални мигранти од земјата. За таква политика се 86% Републиканци, 58% независни и 25% Демократи, покажала сондажа на Ипсос.
Во однос на тоа кој би бил подобар за нив во врска со миграционата политика, Трамп ѝ води на Камала за 10 процентни поени.
За време на мандатот на Бајден- Харис, САД се соочи со осум до десет милиони мигранти.
Кандидатот на демократите Зохран Мамдани првиот муслимански градоначалник на Њујорк. На изборите, кои на некој начин беа референдум за првите десет месеци од власта на Трамп, Мамдани освои 50,4% од гласовите пред независниот Ендру Куомо (41,6%) и републиканецот Куртис Слива (7,1%).
„Демократскиот социјалист“, како што се претставува прогресивецот, до пред некој месец беше непознат за пошироката јавност. Во кампањата ветуваше дека ќе ги оданочи милионерите за да ги прошири социјалните програми. Ветуваше бесплатен автобуски превоз, универзална грижа за деца и намалување на кириите.
Претседателот Доналд Трамп ги повика њујорчани да гласаат за поранешниот демократ Куомо и се закани дека ќе ги укине федералните средства за Њујорк ако победи „комунистот“ Мамдани.
„Во овој момент на политички мрак, Њујорк ќе зрачи светлина“, изјави Мамдани. На претседателот Трамп му порача дека „градот во кој доживеал подем може да го порази“.
Кандидатите на демократите победија и на изборите за гувернери на Вирџинија и Њу Џерси. Калифорнија изгласа прекројување на избирачките единици за конгресмени, во полза на демократите.
Десет луѓе загинаа и најмалку 20 се повредени во пожар во пензионерски дом во Тузла. Сите загинати се пензионери, а меѓу повредените има пожарникари, медицински лица, полицајци и вработени во домот.
Пожарот избувнал синоќа во 20.55 часот на седмиот кат на зградата, каде што биле сместени лица со попреченост.
Противпожарите екипи брзо интервенирале и за еден час го изгаснале огнот, но не можеле навремено да им помогнат на пензионерите, меѓу кои имало и болни и неподвижни лица. Причината не е уврдена.