- Истражување покажало дека 56% од Американците настрана немаат тргнато ни илјада долари како личен фонд за вонредни ситуации и неочекувани животни премрежија.
- Експерти советуваат да се чувааат пари доволни да се покријат животните трошоци за период од 3 до 6 месеци, најубаво за 9 месеци.
- Признаваат дека лесно е да се каже некому да штеди, проблемот е што многумина немаат од што.
- Новогодишните и божиќните празници се посебно лош период за билдање на личните долгови.
- Иран ќе го погуби првиот демонстрант од илјадниците што се приведени во масовните протести против режимот, соопшти невладината организација Иран за човекови права (IHRNGO).
- Ерфан Солтани (26) утре треба да биде обесен откако бил уапсен минатата недела на протестите во Карај. На неговото семејство му било кажано дека е осуден на смрт поради „војна против Бога“, и дека казната треба да се изврши на 14 јануари.
- Убивањето цивилни демонстранти од страна на Исламската Република потсетува на злосторствата на режимот во 1980-тите, кои се признати како злосторства против човештвото. Ризикот од масовни и вонсудски егзекуции на демонстранти е исклучително сериозен, изјави директорот на IHRNGO, Махмуд Амири-Могадам.
- Според групите за човекови права, повеќе од 10.000 луѓе се уапсени во последните недели поради учество во антивладините протести предизвикани од пропаѓањето на иранската економија. Убиени се повеќе од 500 демонстранти.
- Во обид да го засили притисокот врз режимот во Техеран загрозен од масовни протести, американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% за увоз на стоки од земји што соработуваат со Иран.
- Кина се очекува да биде најтешко погодена од царината. Пекинг лани купи 77% од суровата нафта што ја извезува Иран - околу 1,6 милиони барели на ден. Другите главни трговски партнери на Иран се Индија, Европската Унија, Турција и Обединетите Арапски Емирати. Според податоци од Светската банка, Иран во 2022 година извезувал стоки во 147 земји.
- Трамп во неделата изјави дека властите во Техеран побарале разговори со САД. Тој додаде дека Вашингтон е во контакт со ирански опозициски лидери и дека ги разгледува сите опции за зголемување на притисокот врз иранскиот режим, вклучувајќи кибернетски и воени напади.
- „Воздушните удари се една од многуте алтернативи, но дипломатијата секогаш е првата опција за претседателот“, изјави претставничката на Белата куќа, Каролин Ливит.