Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Мизар: Опкружени сме со изроди, а не со луѓе

21 декември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Новиот албум е многу интимен. Сега сум во тој период од животот кога се прашувате што е смислата на сè, што е суштината на животот, има ли смисла. Станувате свесни дека денес ве има, а утре ве нема. Ве обзема меланхолија, една неизвесност, измешано чувство на радост и тага.“
  • „Живееме во време на злото, се помалку има луѓе меѓу нас, а изродите се насекаде. Луѓето се отуѓија во овој конзумеристички систем. Технологијата презема сè, и тоа не е проблем, но може да стане ако дозволиме да ја изгубиме човечноста и чувствата. Парите станаа императив на материјалистичкото општество. Мора да има баланс помеѓу духовното и материјалното. Се отуѓивме, стана брутално. Без емпатија.“
  • „Едно време турбо-фолкот завладеа, но сега дојде нова генерација, оние што имаат меѓу 20 и 30 години, кои се под влијание на странската хибридна музика, и затоа нашата фузија и одговара на урбаната рок публика. Таа нова генерација ќе ги промени сите овие држави, тоа е прогресивна младина која е извонредна,“ вели Горазд Чаповски во интервју за Нова.

извор

Иран почнува да беси

13 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Иран ќе го погуби првиот демонстрант од илјадниците што се приведени во масовните протести против режимот, соопшти невладината организација Иран за човекови права (IHRNGO). 
  • Ерфан Солтани (26) утре треба да биде обесен откако бил уапсен минатата недела на протестите во Карај. На неговото семејство му било кажано дека е осуден на смрт поради „војна против Бога“, и дека казната треба да се изврши на 14 јануари.
  • Убивањето цивилни демонстранти од страна на Исламската Република потсетува на злосторствата на режимот во 1980-тите, кои се признати како злосторства против човештвото. Ризикот од масовни и вонсудски егзекуции на демонстранти е исклучително сериозен, изјави директорот на IHRNGO, Махмуд Амири-Могадам.
  • Според групите за човекови права, повеќе од 10.000 луѓе се уапсени во последните недели поради учество во антивладините протести предизвикани од пропаѓањето на иранската економија. Убиени се повеќе од 500 демонстранти.
извор

Трамп воведува царини од 25% за земјите што тргуваат со Иран

13 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Во обид да го засили притисокот врз режимот во Техеран загрозен од масовни протести, американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% за увоз на стоки од земји што соработуваат со Иран. 
  • Кина се очекува да биде најтешко погодена од царината. Пекинг лани купи 77% од суровата нафта што ја извезува Иран - околу 1,6 милиони барели на ден. Другите главни трговски партнери на Иран се Индија, Европската Унија, Турција и Обединетите Арапски Емирати. Според податоци од Светската банка, Иран во 2022 година извезувал стоки во 147 земји.
  • Трамп во неделата изјави дека властите во Техеран побарале разговори со САД. Тој додаде дека Вашингтон е во контакт со ирански опозициски лидери и дека ги разгледува сите опции за зголемување на притисокот врз иранскиот режим, вклучувајќи кибернетски и воени напади.
  • „Воздушните удари се една од многуте алтернативи, но дипломатијата секогаш е првата опција за претседателот“, изјави претставничката на Белата куќа, Каролин Ливит.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Македонштина на 4 нозе: Автоперална во ГеГе

Македонштина
2

Шефе, како да го брендираме мајонезот?

Македонштина
3

Такер Карлсон: Нè чека голема војна

4

Министерство за анонимни работи

Македонски рулет
5

Њујоршки оглас на денот

Балканштина
6

Погодете кој ќе копа литиум во Украина?

7

Во Битола би го викале Божо Трофазнио

Балканштина
8

Подобро голема европска војска отколку 27 бонсаи-армии

Свет
1

Такер Карлсон: Нè чека голема војна

2

Погодете кој ќе копа литиум во Украина?

3

Подобро голема европска војска отколку 27 бонсаи-армии

Свет
4

Гаси цигарата, стоко со жолти заби!

Мислења
5

Иран? Не се знае

6

Од злото фентанил Америка ја спасува – Кина

Свет
7

Кривична истрага за шефот на Федералните резерви на САД

8

Хакери блокираа студија што поврзува рак со вакцини против ковид

Здравје
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Македонштина на 4 нозе: Автоперална во ГеГе

Балканштина

Во Битола би го викале Божо Трофазнио

Македонштина

Шефе, како да го брендираме мајонезот?

Балканштина

Њујоршки оглас на денот

Македонштина

Прилеп, чекаш да пукне и првиот куршлус?

Македонштина

Дечкото кој за грдна пара го донесе Дино Мерлин

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Саша и бомбите на Заев

Мајсторе, задња

Мирко Ковач: Кукањето е претфашистичка состојба

Њујорк Тајмс: Грчки шпион го предаде Гоце Делчев

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy