Компанијата на Марк Закерберг соопшти дека ги забранува РТ, РИА новости, Спутник и други руски државни медиуми на сите свои платформи (Фејсбук, Инстаграм, Воцап...)
Така решиле откако САД обвинија луѓе на РТ дека префрлиле 10 милиони долари за скриено влијание врз западната публика на низа социјални медуими.
Наводно била финансирана компанија за создавање онлајн содржини од Тенеси која од крајот на 2023 година продуцирала 2.000 видеа кои биле видени 16 милиони пати на Јутјуб.
16 милиони пати? Тоа е големата опасност од моќната руска пропагандна империја?
Ок. Оваа (неслушлива) песна на Раста и Ана Николиќ е видена преку 80 милиони пати на Јутјуб:
Договорот на Доналд Трамп со Владимир Путин за увоз на руски дизел се чини дека пропаѓа, откако два танкери скршнаа од курсот кон САД.
Неколку недели пред изборите во САД, Трамп ненадејно ги укина санкциите за увоз на руски дизел за да ја спушти цената на горивото на пумпите.
Американските резерви на дизел паднаа под 100 милиони барели првпат во последните две децении.
Танкерот „Талисман“, кој е под санкции од САД, Британија и ЕУ, и „Леруо“, кој е под санкции од Британија, ЕУ и Канада, повеќе не го наведуваат атлантскиот брег на САД како своја дестинација. Првиот се упатил кон Средоземно Море и објавил сигнал дека чека наредба, а другиот скршнал кон Бразил.
Во меѓувреме, трет танкер под санкции – „Бист“, плови кон САД откако на 27 октомври тргнал од руското пристаниште Приморск.
Како можна причина за промената на курсот на танкерите, Фајненшл тајмс ја наведува неизвесноста дали ќе им биде дозволено да влезат во американските пристаништа поради легалноста на товарот.