Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Марјан Доказ ослободен за уцена и рекет, кривичната против Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев во фиока

19 јули 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По три враќања на првостепената пресуда на Кривичниот суд во Скопје, Апелациониот суд го ослободил Марјан Стаменковски од обвиненијата за кривичните дела уцена и рекет.
  • Обвинителството тврдеше дека сопственикот на порталот ДоказМ уценувал и рекетирал директор на Царина. Стаменковски се бранеше дека информациите ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои тој своевремено ги нарекуваше свои „соработници“.
  • Марјан Стаменковски беше осуден за 3 години и 1 месец затвор за повеќе кривични дела, како ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена и злоупотреба на лични податоци. Неговата одбрана тврдеше дека се направени суштествени повреди на постапката.
  • Шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев во мај 2023 година поднел кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци. Сѐ уште нема обвинение против двајцата обвинители.
  • Како што истражува порталот Република, овие пријави останале во фиоката на државниот обвинител Љубомир Јовески, до неговото заминување од функцијата во декември 2023 година. Сега се во Обвинителството во Битола.
извор

Затворски казни за десетмина што ја тролале Брижит Макрон

5 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Париски суд им изрече затворски и други казни на осум мажи и две жени поради тврдењата дека Брижит Макрон, првата дама на Франција, всушност била родена како маж. 
  • На еден од обвинетите му е изречен шестмесечен затвор, а осуммина добија условни казни од 4 до 8 месеци затвор. Дополнителните казни вклучуваат парична отштета и посетување предавања за подигање на свеста за сајбер вознемирување. На петмина им е суспендиран профилот на социјалните медиуми на кој ги објавиле критиките.
  • Десеттемина, чии имиња не се објавени, се прогласени виновни за ширење лажни вести и за вознемирување преку интернет преку „злонамерни коментари“ за полот и сексуалноста на Брижит Макрон, или затоа што како „педофилија“ го оцениле тоа што е 24 години постара од нејзиниот сопруг, претседателот Емануел Макрон.
  • Во јавноста одамна се проширија гласини дека Брижит Макрон е родена како машко и дека вистинското име ѝ е Жан-Мишел Троње. Претседателот Емануел Макрон и првата дама долго време ги игнорираа овие написи, но лани се решија да тужат поради нарушување на угледот.
  • Судот ја отфрли одбраната на обвинетите дека нивните објави биле сатира. „Ова е ужасно. Одвратно е. Слободата на говорот во Франција повеќе не постои“, изјави писателот Бертран Шолер, кому му е изречена шестмесечната условна затворска казна.
извор

Новата лидерка на Венецуела нуди соработка со САД

5 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Делси Родригез, која ја извршува претседателската функција во Венецуела, во помирувачки тон понуди да соработува со Вашингтон. 
  • Откако американските сили ги грабнаа претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес од Каракас за да се соочат со обвиненија поврзани со дрога во Њујорк, Родригез во саботата ги повика САД да го ослободат Мадуро и да го вратат во Венецуела. Во објава на Инстаграм во неделата таа зазеде поинаков пристап.
  • „Венецуела ја потврдува својата посветеност на мирот и мирниот соживот... Ја покануваме американската влада да соработува со нас на агенда за соработка... Претседателот Доналд Трамп, нашите народи и нашиот регион заслужуваат мир и дијалог, а не војна. Нашата земја има право на мир, развој, суверенитет и иднина“, порача Родригез.
  • Трамп им се закани на функционерите лојални на Мадуро дека „ризикуваат да платат многу голема цена, веројатно поголема од Мадуро, ако не го направат она што е исправно“. Тој додаде дека неговата администрација стапила во контакт со канцеларијата на Родригез и дека во вистинско време директно би разговарал со неа.
  • „Не ме прашувајте кој е надлежен (во Каракас), бидејќи одговорот би бил многу контроверзен... Ние сме надлежни“, рече Трамп.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зоки Панкерот удри фајронт

Разно
2

Лекција од тато

Балканштина
3

Урда салата за со ракија

Храна за возрасни
4

Сами ја повикуваме Апокалипсата

Балканштина
5

Сарма во најава

Балканштина
6

Не му кажувајте сè на ЧетГПТ

7

Ај па и на ваша глава

Македонски рулет
8

Роџер Вотерс за Венецуела: Грингоси, рацете настрана

Видео
1

Рамзан Кадиров го накити со медали својот 18-годишен син

2

Трамп: Ние ќе управуваме со Венецуела!

Свет
3

2026 мириса на војна

Мислења
4

Новата лидерка на Венецуела нуди соработка со САД

5

Која е следната цел на Трамп: Куба, Колумбија или Гренланд?

Свет
6

Кремљ осудува, ЕУ следи, Милеи прославува

7

Европа остана без свој интернет

Свет
8

САД фрлиле 1.600 милијарди долари на банални и опасни проекти

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Чист Зен

Балканштина

Сами ја повикуваме Апокалипсата

Балканштина

Лекција од тато

Балканштина

Сарма во најава

Балканштина

Упорноста не се исплати

Балканштина

Бон-тон брзо се учи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Риплај на денот

Упатство, кратка но доволна верзија

Путерот конечно победи

Млади, ебете се

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy