Македонски туризам: Турци, Срби, Романци
15 октомври 2024
-
Бројот на туристи во август 2024 година изнесувал 232.576 и е зголемен за 7,2 % во однос на август лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи 48,6 % се домашни, а 51,4 % се странски туристи.
-
Бројот на ноќевањата во август 2024 година изнесува 911.478 и е зголемен за 3,9% во однос на ланскиот август. 74,3 % се од домашните туристи, а 25,7 % од странските.
-
Најмногу туристи дошле од Турција (50.227), Србија (9.898) и Романија (5.996) а најпосетени биле езерата и Скопје.