Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Како кој тргне на избори, македонски хакери му се криви

30 јули 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Македонските хакери се обвинети за наводно влијание на изборниот процес во Венецуела. Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, покрај хакерите од Македонија ја обвини и опозицијата за колаборација со хакерите и неуспешни обиди за манипулирање на изборните резултати. Дел од обвинетите е и лидерката на опозицијата во Венецуела, Марија Корина Мачадо.
  • Станува збор за сериозни обвинувања, но барем досега нема никакви конкретни докази кои ќе го поддржат тврдењето за изборна манипулација. Единствен податок кој го сподели Сааб е дека системот е хакиран да ги манипулира влезните податоци, и со тоа да ја промени волјата на гласачите. Ова секако би влијаело и на исходот на изборите.

  • Македонија беше популарна на слична тема во глобалните медиуми и пред неколку години, кога велешани беа обвинети дека го помогнале изборот на Трамп во САД.

извор

Украина мава по Москва, Русија напредува во Украина

8 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Украина извела силен напад со дронови поради што се затворени два битни аеродроми кои го опслужуваат рускиот главен град. 
  • Руската против-воздушна одбрана срушила девет дрона кои се движеле кон Москва а запалена е хемиска фабрика на 30 километри од Кремљ.
  • Во меѓувреме, Русија соопшти дека за првпат во тригодишната инвазија, навлегла во источната украинска област Дњипропетровск што е прва поголема територијална ескалација во последно време. 
  • Дњепропетровск е важен рударски и индустриски центар за Украина, а подлабокото руско напредување во регионот би можело да има сериозен негативен ефект врз војската и економијата на Киев, кои се во криза.
извор

Во глава и грб застрелан колумбиски кандидат за претседател

8 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Колумбискиот десничарски сенатор и сериозен кандидат за претседателската трка идната година, Мигел Урибе Турбај, беше застрелан додека им се обраќаше на своите приврзаници во квартот Моделија во Богота.
  • Најверојатно бил застрелан в грб и глава и веднаш пренесен во болница во која, како што пиша неговата сопруга, се бори за живот. 
  • Градоначалникот на Богота потврди дека осомничениот атентатор е уапсен а министерот за одбрана, Педро Санчез понуди награда од три милијарди колумбиски пезоси (715.000 долари) за информации кои ќе водат во идентификација на сите вклучени во заверата.

  • 39 годишниот Мигел Урибе Турбај е десничарски ориентиран сенатор и влијателен член на опозициската партија Демократски центар, основана од поранешниот претседател Алваро Урибе (не се во крвно сродство). Тој е внук на поранешниот колумбиски претседател Хулио Сезар Турбај и син на новинарката Дијана Турбај, која беше убиена во 1991 година за време на неуспешна операција за спасување откако беше киднапирана од картелот Меделин на Пабло Ескобар.
  • Десничарските кругови на социјалните медиуми потсетуваат дека пред Урибе, во Еквадор беше убиен десничарскиот кандидат, Фернандо Виљавиченсио, во Бразил, десничарот Болсонаро беше избоден со нож а во САД Трамп преживеа два обида за убиство. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Нигде раат од ЗЗ

Македонштина
2

Македонија појака и од ВАР - Алиоски со спектакуларен гол за реми со Белгија

Фудбал
3

Холандија: Нека јадат куршуми

Свет
4

Наташа (од трето три) ги измами како малолетни

Технологија
5

Србија го слави Петровиќ, одбрани пенал во Тирана

Фудбал
6

Мајсторија на Елмас, но ВАР му поништи гол поради офсајд

Фудбал
7

Во бекстејџ на британската политика

Мислења
8

Џасмин од Австралија ја откри македонската храна

Разно
1

Холандија: Нека јадат куршуми

Свет
2

Наташа (од трето три) ги измами како малолетни

Технологија
3

Во бекстејџ на британската политика

Мислења
4

Медведев им фаќа сеир на Трамп и Маск

5

Трамп праќа војска во воената зона Лос Анџелес

6

Само една земја е способна самата да се нахрани

Свет
7

Украина мава по Москва, Русија напредува во Украина

8

Во глава и грб застрелан колумбиски кандидат за претседател

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Оти другине марамчиња ве дујат

Македонштина

Нигде раат од ЗЗ

Разно

Џасмин од Австралија ја откри македонската храна

Балканштина

Прогресивкиве ќе нè приближат до талибанците

Македонштина

Видео разгледница од Република Фушерај

Македонштина

Зошто Македонија нема Onlyfans ѕвезди?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Гревот на љубовта

Како сум систематски уништен од идиоти

Родителска победа

Една добра и една лоша вест во врска со Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy