- Саудиска Арабија објави планови за издавање пасоши за милиони камили во обид да се документира сопственоста и да се внесе транспарентност на овој пазар вреден околу 13 милијарди долари годишно.
- Веќе е готов и дизајнот на пасошот, зелен документ со државен грб и печат на камила, иако не е прецизирано кога ќе бидат издадени првите пасоши.
- Според податоците од преклани, Саудиска Арабија е дом на околу 2,2 милиони камили. Таканаречените „пустински бродови“ историски се користеле за транспорт но во меѓувреме се користат и за популарни трки, натпревари во убавина и слично.
„Над 40 камили биле дисквалификувани од натпреварот за убавина во Саудиска Арабија. Главно поради примање ботокс инекции и други козметички додатоци. Натпреварот за МИС Камила е врв на фестивалот на камили на кралот Абдулазиз, каде во игра се 66 милиони американски долари парична награда“, пишавме во статијата Саудиски мисици претерувале со ботокс